Повеќе за работната позиција
За потребите на аптеката во ПЗУ Клиничка болница „Жан Митрев“– Скопје, и во функција на непречено одвивање на работниот процес, се објавува оглас за следното работно место:
Фармацевтски техничар
Потребни квалификации:
- ССС фармацевтски техничар со положен стручен испит
- Одлично познавање на македонски и пожелно познавање на англиски јазик.
- Одлично познавање на MS Office програмот
Други карактеристики и вештини:
- Висок степен на лична организираност
- Способност за менаџирање со време и одредување на приоритети
- Способност за тимска работа
- Развиени интерперсонални вештини
- Способност за работа во динамична средина
- Висока флексибилност и адаптибилност.
Доколку сметате дека ги исполнувате горенаведените услови и квалификации, Ве охрабруваме да ја поднесете Вашата апликација на копчето „Аплицирај“ со задолжително наведување на работната позиција за која се пријавувате.
Активен до 22.07.2026